
Фото: Pexels
Постојат многу причини за лош здив и сува уста, меѓу кои се пушењето и земање на одредени лекови. Оваа состојба освен што создава непријатен мирис во устата, може да биде и причина за забен кариес.
За среќа, постојат неколку чекори кои ќе ви помогнат да се ослободите од неа и да ги избегнете непријатностите.
Доколку примате некаква терапија, прочитајте го упатството и проверете дали истата е причина за лошиот здив. Исто така треба да ги одбегнувате производите што ја сушат усната шуплина, а најбитно е да го стимулирате лачењето на плунката.
Немојте да употребувате средства за миење на устата на база на алкохол, одбегнувајте пијалоци со кофеин, кисели и слатки пијалоци и секако цигари.
Наместо тоа јадете бонбони без шеќер, пијте вода во текот на целиот ден, користете производи што содржат ксилитол и спијте во просторија во која има навлажнувач на воздух.
Доколку овие работи не ви помогнат, задолжително посетете лекар за да исклучите некое посериозно заболување.