Осмелете се да го украдете постерот – следува награда

23

nyctakeoff-hed-2015

Авиокомпанијата JetBlue Airways на интересен начин ги примами жителите на пет реони во Њујорк слободно да ги украдат нивните постери на билборди за кои подоцна ќе бидат наградени со билети за спортски натпревари, ваучери за бесплатни патувањa и слично.

Предизвикот не беше толку едноставен, со оглед на тоа што изгледа како да прават нешто нелегално на јавно место. Сепак, стотина храбри луѓе одлучија да си ја пробаат среќата.

Зад рекламата стои маркетинг агенцијата Mullen Lowe од Бостон.