Осми март – симбол на борбеноста, истрајноста и правичноста на жените

50

На осми март 1857-ма година во Њујорк е организиран штрајк на работнички во фабрика за текстил, кои барале подобри услови за работа на жените. На истиот ден, на истото место, 51 година подоцна повторно е организиран штрајк на жени. Работничките најпрво биле затворени во фабриката, од којашто не можеле да излезат, а потоа избил пожар во којшто изгореле 129 жени. Во сеќавање на тој ден, една година подоцна во Њујорк за првпат е одбележан осми март, Денот на жената.

Во 1910-та година во Копенхаген, на Втората меѓународна конференција на жени е договорено еден ден во март да се прогласи за Ден на борба на жените за нивните права. Така, првиот меѓународен Ден на жените бил 19-ти, а потоа осми март. Тогаш жени од Германија, Данска, Австрија, Швајцарија и Америка побарале право на глас. Во Германија, Клара Цеткин извела милион луѓе на улица. Во 1912-та година, жените во Франција побараа право на глас, во коешто е и правото да бидат избрани, а потоа и жените во Холандија, Шведска и една година подоцна во Русија.

Во 1918-та година во Германија за првпат е воведено правото жените да гласаат и да бидат гласани.

На осми март во Русија е организиран штрајк на жените вработени во текстилната индустрија, по угледот на Америка.

На овој ден се слави економската, политичка и општествена слобода на жените.

ЕСЕ: За 8 Март, наместо подарок посакуваме свет без предрасуди, дискриминација и стереотипи

Под слоганот „Сиромаштијата има женско лице” денеска во Скопје по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март ќе се одржи шестиот Марш за женски права.

– На овој марш, заеднички ќе упатиме порака дека и покрај тоа што жените се еднаква половина од населението во државата, сѐ уште не уживаат еднакви права во речиси ниту еден аспект од нивните животи, на работа или дома, во политиката и социјалниот живот. Маршираме бидејќи држава во која жените не се вклучени како еднакви, е држава во која нема напредок! Општество во кое жените се сиромашни и лишени од своите права е општество кое е сиромашно!, велат организаторите.

Тие додаваат дека на маршот сакаат да ги посетат клучните институции дека отсуството на политики, стратешки документи и механизми кои го поддржуваат унапредувањето на родовата еднаквост и правата на жените значи дека институциите дозволуваат системска дискриминација и насилство, како и дека женската сиромаштија демне во сите аспекти од општествениот живот, а е особено изразена поради пандемијата со Ковид-19, што довело до голем број на отпуштања во индустрии како текстилната, каде најголем дел од вработените се жени, но како што посочуваат, ковид-мерки и механизми за економско зајакнување на жените отсуствуваат.

– Жените и понатаму не се ниту близу подеднакво вклучени во креирањето на политики имерки, како и носење одлуки, кои ќе ги земат предвид потребите на сите граѓан(к)и. Онаму каде нема квоти, како што се извршната и локалната власт, одлуките ги носат доминантно мажи – само четири жени, наспроти 17 мажи во Владата, две градоначалнички, наспроти 79 градоначалници во локалната власт. Промени мора да има, велат организаторите.

Маршот за правата на жените ќе се одвива според однапред определена рута, со почеток во 12:00 часот, пред Влада каде по обраќањето на организаторите, ќе се продолжи по предвидената рута. Маршот ќе заврши во Паркот Жена Борец, со обраќање до јавноста и институциите.

Маршот е во организација на Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права. Платформата за родова еднаквост е независна и неформална мрежа на македонски граѓански организации за женски права составена од 27 организации и мрежи кои здружено делуваат во насока на унапредување на родовата еднаквост.