Конференцијата за употребата на фондовите за Роми и Осмиот ромски економски бизнис форум ќе се одржат денес во Скопје.
На отворањето на Конференцијата ќе зборуваат Фатмир Бесими, заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Роберт Лидел од Делегацијата на Европската Унија, Амди Бајрам, пратеник во Собранието на РМ и Срѓан Шајн, пратеник во Собранието на Република Србија.
Организатори на настанот се Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) општината Шуто Оризари и Ромскиот деловен информативен центар.