Во просториите на Државниот завод за статистика вчера се одржа осмата седница на Управниот комитет на твининг – проектот Поддршка на Државниот завод за статистика (ДЗС) за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ.
Членовите на Управниот комитет го усвоија нацрт – извештајот за реализираните активности и резултатите остварени во текот на осмиот квартал од реализацијата на проектот.
Имајќи предвид дека ова беше воедно и последен состанок на Управниот комитет, Благица Новковска, директор на Државниот завод за статистика, ги информираше присутните дека сите активности во рамките на Националната ИПА програма се реализирани во согласност со договорот.
Во рамките на Твининг – проектот беа реализирани 83 мисии и шест студиски посети.