Основачот на Snapchat лани заработил 638 милиони долари

24

oki

Фото: Youtube

Извршниот директор и основач на Snapchat Еван Шпигел минатата година заработил 638 милиони долари, пишува Tech Crunch.

Неговата плата во 2017  изнесувала 98.078, а заработил повеќе од еден милион долари од други бенефиции. Освен тоа Шпигел добил и огромен бонус од 637 милиони  долари.

Со ова тој е третиот најплатен извршен директор во светот. Сумата што ја заработил лани е само дел од неговото огромно богатство коешто се проценува на приближно 4 милијарди долари.