Основачот на ВКонтакте, рускиот Facebook, го продаде својот удел во компанијата

20

Pavel Durov vKontakteПавле Дуров, коосновач на популарната руска социјална мрежа ВКонтакте го продаде својот удел во компанијата. Купувач на 12% од компанијата е Иван Таврин, генерален директор на мобилниот оператор Мегафон. Втор најголем акционер во операторот е милијардерот Алишер Усманов, пишува московски Ведомости.

Според весникот, договорот бил склучен уште во декември. Сумата за продажба не е позната, но вредноста на социјалната мрежа е проценета на 3-4 милијарди долари.

Дуров во ВКонтакте имаше удел од 12%, 40% се во рацете на групата Mail.ru на Усманов и 48% – на фондот United Capital Partners (UCP) на Илја Шчербович.

ВКонтакте е основана во 2006 година и е многу попопуларна социјална мрежа во Русија од Facebook.