Основци и средношколци учат за штедењето во i-bank store на Стопанска банка

21

den_na_stedenje_31_2016Стопанска банка го одбележува Светскиот ден на штедењето, којшто има за цел не само да го поттикне штедењето, туку и да се разбере поширокиот ефект за економијата и општеството.

“За таа цел, во текот на овие две недели во i-bank store доаѓаа и ќе доаѓаат ученици од основно, средно, но и деца од градинките во Скопје за да научат повеќе за штедењето, улогата на банките и начинот како да се искористи заштедата за подобро утре“, стои во соопштението на банката.

Банката доделува и 10 депозити што ќе им помогнат да децата да го започнат процесот на штедење и создавање идни вредности.