Особини кои ќе ви донесат покачување на платата

410

Има вработени кои, поради нивните очигледни квалитети, заслужуваат внимание. Иако како претприемач треба да бидете внимателни со вашите пари, некои работници заслужуваат моментално покачување поради нивниот голем придонес.

Според Inc.com ова се некои од тие вработени:

Оние кои носат најмногу приходи

Не е важно за каква работа станува збор, но работите се сосема јасни: лицето кое ви носи најмногу приходи заслужува покачување според сите критериуми.

Оние кои имаат непроценливи вештини

Некои вештини не можат да се научат. На пример, ако имате келнер што сите го сакаат и поради кого сите доаѓаат во кафулето, треба да го наградите со покачување на платата.

Оние кои даваат повеќе од 100 проценти од себе

Малкумина се оние кои целосно се предаваат на работа, и не дозволувајте да ви “се лизнат“ од раце.

Оние што се тука од почетокот

Има работници кои беа со вас од почетокот, но поради различните циркулирања на луѓе во компанијата, тие можат да се чувствуваат во подредена положба. Не дозволувајте да паднат во летаргија – со зголемување на платата покажете колку ги цените.

Оние кои еден ден би можеле да ја преземат работата

Во сè, а особено во бизнисот, важно е да размислите за иднината. Ако препознаете во компанијата личност која еден ден би можела да го преземе водењето на бизнисот, направете сè што можете за да го задржите, а финансиските средства често се добра гаранција.

Фото: Pixabay