Останува проекцијата на НБРМ за раст на БДП од 3,7%

9

Народната банка на Република Македонија останува на претходните проекти за раст на БДП од 3,7% за 2014 и 4,4% и за наредната година, покажува најновиот квартален извештај.

Најновите показатели за првиот квартал од 2014, како и оценките за идната патека на клучните надворешни и домашни фактори упатуваат на динамика на економскиот раст која не отстапува од претходните очекувања, а проекциите покажуваат дека растот и натаму ќе произлезе од извозната инвестициска побарувачка што соодветствува со оценките за подобрување на надворешното економско опкружување за влез на нови и зголемување на искористеноста на постојните капацитети ориентирани кон извоз, како и позитивен импулс од јавните инвестиции.

Централната банка очекува солиден придонес кон растот, особено во 2015-та година, од потрошувачката на домаќинствата во услови на постојано подобрување на состојбите на пазарот на работна сила, кредитна поддршка и постабилни очекувања.

Според кварталниот извештај на НБРМ, инфлацијата има забавено темпо кое е произлезено од фактори на страната на понудата, односно од отстапувањата во динамиката на светските цени и од нивните пренесени ефекти врз домашните цени.