Остар пад на акциите на Wall Street

54

Во понеделникот, на првиот ден од тргувањето Wall Street, берзанските индекси нагло паднаа поради претстојните избори во Сенатот во Џорџија и понатамошниот голем раст на бројот на пациенти со коронавирус.

Dow Jones падна на 382 поени или 1,25%, на 30.223 поени, додека S&P 500 потона 1,48 % на 3.700 поени, а индексот Nasdaq 1,47% на 12.698 поени.

За Dow Jones и S&P 500, тоа беше најголемиот дневен пад од крајот на октомври, а за индексот Nasdaq од деветти декември, па сите три индекси се лизнаа на најниско ниво во последните две недели.

Инвеститорите не сакаат да ризикуваат пред важните избори за Сенатот во Џорџија, кои ќе имаат одлучувачко влијание на почетокот на мандатот на избраниот демократски претседател, Џо Бајден.

Фото: Facebook