Остар пад на биткоинот

92

Биткоинот и денес е во минус, а само неколку денови откако неговата вредност се искачи на близу 50.000 долари.

Криптовалутата потона за 2,17 проценти и се тргуваше по 46,700 долари, додека етерот ослабе за 4,08 проценти на 3.100 долари.

Финансиското регулаторно тело на Велика Британија претходно објави дека причината за забраната за „Бајнанс маркет“ во таа земја е последица на фактот дека финансиските производи на таа компанија претставуваат ризик за корисниците.