
Индустриското производство во еврозоната и во Европската унија (ЕУ) драстично падна во јануари, покажуваат податоците на Евростат.
Индустриското производство во еврозоната и ЕУ падна во јануари, според сезонски приспособените податоци, за 3,2 отсто, односно 2,1 отсто, во однос на претходниот месец. Во декември и двете области пораснале за 1,6 отсто, според ревидираните податоци, пренесува Мина.
Производството на капитални добра бележи убедливо најголем пад во јануари во двете области, 14,5 отсто во еврозоната и 12,8 отсто во ЕУ. Позначително е намалено и производството на трајни производи за широка потрошувачка во зоната на примена на заедничката европска валута, за 1,2 отсто, додека во ЕУ речиси стагнира.
Производството на интермедијарни производи најмногу бележи раст и во еврозоната и во ЕУ, за 2,6 отсто, односно 2,9 отсто. Раст е забележан и во енергетскиот сектор, 0,5 отсто во зоната на примена на заедничката европска валута и 0,6 отсто во ЕУ.
Меѓу земјите со чии податоци располагаше Еуростат, индустриското производство најмногу падна во јануари на месечна основа во Ирска и тоа за 29 отсто. Спротивно на тоа, производството во полската индустрија е зголемено најмногу, 13,3 отсто во однос на декември.
А споредбата со почетокот на минатата година покажува остар пад на европското индустриско производство, 6,7 отсто во еврозоната и 5,7 отсто во ЕУ. Производството на капитални добра на почетокот на годината најсилно падна во двете области, 12,1 отсто во еврозоната и 10,1 отсто во ЕУ. Позначителен пад е забележан во секторот трајни производи за широка потрошувачка, нешто повеќе од осум отсто.
Незначително бележи само производството во енергетскиот сектор, во однос на ланскиот јануари.











