Остар пад на профитот на H&M

58

Шведскиот моден гигант H&M објави многу слаби резултати и огромна загуба во последниот квартал од 2022 година.
Оперативната добивка на H&M падна на 821 милион круни (73,46 милиони евра), од 6,26 милијарди круни во истиот период од претходната година.

H&M веќе прелиминарно објави дека неговиот нето приход се зголемил за 10 отсто во истиот период, на 62,43 милијарди круни. Изразено во локална валута, се задржа на нивото од истиот период во 2021 година.

Во периодот од почетокот на декември до 25 јануари, на почетокот на првиот фискален квартал бележи раст од пет отсто, изразен во локална валута.

„Главните причини за помалиот профит во четвртиот квартал во однос на истиот квартал минатата година беа негативните надворешни фактори, загубата на оперативната добивка што некогаш беше генерирана во Русија и еднократната цена на програмата за намалување на трошоците и ефикасност“, се вели во извештајот.