Ostrich pillow loop – перница за очи

41

8261f30493a5be9bd96be8f302679b63_original

Фото: Kickstarter

Дизајнерското студио BANANA со седиште во Лондон ја креираше Ostrich Pillow Loop, својата најнова перница од добро познатата серија Ostrich. Со неа корисникот може целосно да се исклучи од околината без разлика каде се наоѓа и да си ја подари заслужената дремка.

Она што е поинаку кај оваа перница е тоа што се става на очите. Ostrich Pillow Loop е изработена од ултра лесен, мек материјал, се приспособува на секоја глава и лице и блокира 99,9% од светлината и останатите визуелни стимуланси.

Специјално е дизајнирана за да може да се користи заедно со слушалки, а може да се носи како додаток во облеката. Студиото досега има дизајнирано четири различни перници, а функционираат на пазарот пет години.

Производот има своја кампања на платформата Kickstarter која трае уште 27 дена. Досега имаат собрано приближно 14.000 долари од потребните 50.000.