Осум инвеститори планираат следната година во Хрватска да донесат 180 милиони евра. Значајни вложувања најавуваат Полјаци и Кинези, а треба да се реструктуираат и хотели од предстечајната нагодба. Овие проекти би требало да отворат нови 1.600 работни места, пишува Вечерњи лист.
Од неодамнешната посета на Полска, најавено е доаѓање на полски инвеститор, кој одлучи во Хрватска да гради фабрика во вредност од 15 милиони евра. Поради тоа што преговорите се уште се во тек, името на инвеститорот не се објавува, но се знае дека инвестицијата ќе биде во прехранбениот сектор и ќе отвори 300 нови работни места. Наскоро ќе се најави и големо гринфилд вложување на кинески инвеститор вредно дури 100 милиони евра. Најголем дел од фабриките ќе бидат сместени во Славонија.