Технолошкиот гигант Apple најверојатно на почетокот на септември ќе го претстави најновиот модел на iPhone. Но, тој врз основа на неговата цена не е достапен за поголемиот број луѓе, па затоа на пазарот постојат бројни негови поевтини копии.
Само на кинескиот пазар можат да се најдат повеќе од 20 копии на iPhone, кои по нивниот изглед наликуваат на оригиналот, но се далеку поевтини, пренесува порталот hongkiat.com.
Mobile Phone
Овој уред со чудно име има влез за две сим картички, но може да функционира само едната.
iPhon
Како што Reebok има алтернатива во Reebook, така и овој iPhon треба да асоцира на iPhone, но не му успева.
iLeaf
Станува збор за еден од најлошите клонови бидејќи воопшто и не изгледа како iPhone, а освен тоа не станува збор за мобилен телефон туку само за mp3 уред.
TPhone
Овој кинески iPhone кога се вклучува ја има музиката на Microsoft.
Meizu
Најновиот паметен телефон на компанијата Meizu се нарекува miniОne, а на изглед многу потсетува на најпопуларниот производ на Apple.
С – 002
Станува збор за една од најдобрите реплики на iPhone, што бележи рекордна продажба. Неговата цена на пазарот е 239 долари.
iPhone Nano
Името го доби бидејќи изгледа како iPhone, а е со големина на iPod Nano.
СЕСТ Р168
Овој модел има 3,5 инчен екран со камера од два мегапиксели, интегриран музички и видео плеер, како и вграден речник.