Несомнено е дека паметните телефони се едни од најголемите изуми на денешницата, но големите придобивки не доаѓаат без негативни последици. Иако животот денес е незамислив без нив, добро е да се знаат и нивните штетни влијанија врз здравјето на човекот, со цел да се намали зависноста од смартфоните.
Ги оштетуваат очите
Таканаречената сина светлина лошо влијае на фокусирањето на погледот. Со прекумерно користење на паметните телефони, нашиот фокус е насочен на мало растојание.
Му пречат на сонот
LCD екраните, особено оние на мобилните телефони му пречат на сонот. Токму затоа, одредени iPhone и Android уреди започнаа да имплементираат филтери со таканаречен dark mode што се прилагодува на природниот дневен ритам на човекот.
Предизвикуваат болки во вратот
Кога ја навалуваме главата надолу да гледаме во телефонот, создаваме дополнителен притисок на горниот дел на грбот и вратот што може да предизвика болки во тој дел од телото.
Ве прават недопадливи
Користење на смартфони кога сте на состанок инстантно ве прави помалку допадливи и недоверливи во очите на другата личност.
Опасност од бактерии
Познато е дека паметните телефони се извор на бактерии, а уште полошо е што се во близок контакт со нашите уши и уста. Затоа, неопходно е одржување на максимална хигиена како на рацете, така и на уредите.
Го загрозуваат возењето
На сите добро им е познато колку опасно може да биде користењето на мобилен телефон додека се вози.
Го зголемуваат стресот
Прекумерно користење на паметни телефони се поврзува со зголемени нивоа на стрес. Според низа спроведени истражувања, тинејџерите кои се зависни од смартфоните страдаат од депресија, несоница, импулсивност и вознемиреност.
Им штетат на дланките
Дланките и прстите, исто така, се изложени на негативни последици од мобилните телефони. Оние кои премногу ги користат за пишување страдаат од воспаление на прстите, вкочанетост, а “најзагрозен“ од сите прсти е палецот.
Фото: Pixabay