Осветлени и озвучени клацкалки како новогодишни украси во Монтреал

klackalki

Жителите и посетителите на канадскиот град Монтреал може да уживаат во 30 осветлени и озвучени клацкалки, пишува Contemporist.

klackalki 1

Овие клацкалки, коишто имаат вградени ЛЕД сијалици и звучници, се активираат доколку две лица седнат на нив и почнат да се клацкаат.

klackalki 2

Клацкалките се дел од годишното издание на Luminothérapie, што се одржува по шести пат од 10-ти декември до 31-ви јануари.

Инсталацијата е привлечна не само за младите, туку и за повозрасните кои подеднакво уживаат во светлината и пријатните звуци што ги испуштаат овие клацкалки.