Освежувач за автомобил на Burger King со мирис на хамбургер

37

whopper

Минатата година, Burger King од Јапонија направи парфем со мирис на хамбургер, а оваа година во Бразил е создаден освежувач за автомобили со истата арома, пишува Daily Meal.

Герила акцијата со освежувачите беше спроведена во такси возила поставени пред познати ноќни барови и дискотеки.

Освежувачот е направен по повод Светскиот ден на хамбургерот, што секоја година се одбележува на 28-ми мај.