Отфрлена тужбата против Nestle поради детски труд

Американскиот врховен суд ја отфрли тужбата против домашните подружници на Nestle и Cargill поради експлоатирање детски труд на плантажите во Африка, назначувајќи дека сепак американските компании може да бидат повикани на одговорност поради кршење на човековите права во странство.

Тужбата е поднесена во име на шест мажи од Мали кои како деца биле однесени на Брегот на слоновата коска заради присилна работа на плантажите на какао.

Во тужбата се наведува дека биле присилени да работат од 12 до 14 часа дневно и ноќе ги чувале вооружени сили за да не побегнат. Платата им била доволна само за покривање на трошоците за храна.

Фото: Pixabay