Откако отворија по два месеци ги пречекаа мувлосани чевли, чанти, паричници…

571

Зачудувачките слики со уништени производи беа фотографирани во малезиски трговски центар, откако продавниците низ целата земја започнаа повторно да се отвораат.

Кожните производи се уништени од мувла, откако останаа заклучени во продавница, којашто мораше да се затвори пред два месеци поради коронавирусот. Фотографии од  кожни чевли, чанти, паричници, ремени прекриени со мувла беа постирани на социјалната мрежа Facebook од Нех Незеум.

“Сите производи се оштетени откако беа оставени во продавница два месеци“, напиша тој.

Паричниците, ремените и столот за пробување чевли, исто така, беа меѓу предметите прекриени со мувла. Овој пост е споделен повеќе од 47.000 пати.

Фото: Facebook