Отказ за извршниот директор на Mattel поради намалена продажба на Barbie

24

barbie

Познатиот американски производител на играчки Mattel го отпушти извршниот директор Брајан Стоктон, по уште една разочарувачка сезона за време на празниците, пишува Wall Street Journal.

На негово место доаѓа членот на Управниот одбор на Mattel, Кристофер Синклер, кој претходно беше извршен директор и во PepsiCo. Стоктон си заминува по три години поминати на оваа работна позиција.

Компанијата веќе долго време се соочува со намалување на продажбата бидејќи на пазарот сè помалку се купуваат познатите кукли Barbie, која веќе има 56 години, а во тренд се електронските играчки, таблети и слично.

Продажбата на Mattel во последното тримесечје од 2014 година се намали за 6%, на 1,99 милијарди долари, додека нето добивката се намали за 59% на 149,9 милиони долари.

Како главен фактор за намалување на приходите на оваа компанија во тој период, се наведува силниот раст на курсот на доларот.