Oткажани летови и масовни боледувања во Кроација ерлајнс

30

croatia airlinesПоради ненадејно масовно заминување на боледување на кабинскиот персонал на хрватскиот авиопревозник Кроација ерлајнс, по вчерашните, компанијата и денес се соочува со нарушувања во редот на летови. Вчера 25% од персоналот замина на боледување, а преку 300 патници не можеа да стигнат на планираните дестинации.

Со извинување, Кроација ерлајнс им препорачува на оние што имаат билети за денес и за следните денови, за подетални информации да се обратат во контакт центарот. Сите измени во планираните летови ќе се објавуваат и на официјалната страница на компанијата, www.croatiaairlines.hr.

Од компанијата велат дека се обидуваат да им помогнат на патниците да стигнат на своите крајни дестинации со спојување и пренасочување на летови, како и со изнајмување на авиони со екипаж, и покрај тоа што ова создава големи трошоци за компанијата која и така е во големи проблеми.

Последните неколку денови во хрватските медиуми се пишуваше за можна приватизација на овој национален авиопревозник. Но, тоа не би била класична продажба, туку новиот сопственик би ја докапитализирал компанијата. Претходно треба да се спроведе план за реструктуирање, за компанијата да биде попривлечна за потенцијалните купувачи.