Откажани летови на Александар Велики, нормализација попладне

73

AerodromAleksandarVeliki1 Авионскиот сообраќај на аеродромот Александар Велики кој од вчера е во застој, се очекува да се нормализира денеска во попладневните часови.
Според информациите од Аеродромот, тие имаат потврда дека на македонскиот аеродом ќе слета авионот од Дубаи.
Утрово нема ниту полетувања, ниту пак слетувања. Откажани се летовите од Загреб и Истанбул. Во текот на вчерашниот ден беше откажан и летот од Инстанбул, од Виена и Ајнховен се пренасочени во Софија, а од Цирих, Дизелдорф и Љубљана се пренасочени на охридскиот аеродром.