Откажани разговорите за поголемо производство на нафта поради спор

29

Министрите за нафта на земјите кои се водечки производители ги откажаа разговорите за производство откако Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) го одби предложеното продолжување на договорот за ограничено снабдувањe до крајот на следната година.

Саудискиот министер за енергетика, Абулазиз бин Салан повика на “компромис и рационалност“ по неуспехот на дводневните разговори на крајот на минатата недела.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОРЕС) и собирот на независни производители предводени од Русија преговараа за ублажување на ограничувањата со коишто снабдувањето би се прилагодило на намалената побарувачка во време на пандемија.

ОРЕС+ го намали снабдувањето со нафта минатата година за скоро 10 милиони барели дневно, а во меѓувреме ги ублажи ограничувањата на околу 5,8 милиони барели дневно, паралелно со закрепнување на побарувачката поттикната од масовната вакцинација и укинување на мерките за сузбивање на пандемијата.

На крајот на минатата недела станало збор и за дополнително зголемување на производството во период од август до декември, за два милиони барели дневно, по предлог на Русија и Саудиска Арабија.

Фото: Pexels