Откази за стјуардесите на Кроација ерлајнс кои беа на боледување на 1 мај

22

Croatia-Airlines-crewУправата на хрватскиот национален авиопревозник Кроација ерлајнс покрена постапка за откажување на договорите за работа на 42 членови на кабинскиот персонал. Одлуката е донесена во согласност со одредбите од Законот за работни односи, поради скриено однесување, односно оправдано сомневање во злоупотреба на институтот боледување и учество во скриена незаконска индустриска акција. Компанијата има причина да верува дека масовните боледувања на кабинскиот персонал не биле предизвикани од епидемија, туку се резултат на смислена и организирана незаконска акција, соопштуваат од Кроација ерлајнс.

Во рок од 48 часа, на боледување на 1 мај заминаа 48 членови од персоналот, поради што компанијата мораше неколку дена да откажува летови, со што се направија дополнителни финансиски загуби.

Инспекциите на Хрватскиот завод за здравствено осигурување (ХЗЗО) неодамна спроведоа вонреден надзор на боледувањата на персоналот, но наодот не покажа ништо спорно, пишува Индекс. И покрај тоа врвот на компанијата е уверен дека боледувањата биле фиктивни.