Откријте дали вашата емоционална интелигенција е ниска?

260

Истражувањата покажуваат дека емоционалната интелигенција (ЕИ) го одредува успехот на вработените.

  • ЕИ е одговорнa за 58% од вашите работни перформанси
  • Луѓето со висока ЕИ заработуваат многу повеќе во просек отколку луѓето со ниска ЕИ
  • ЕИ е едно од 10-те вештини потребни за развој на вработените во 2020 година

Што е со луѓето кои имаат ниска емоционална интелигенција или воопшто ја немаат?

Со одговор на овие пет прашања откријте дали вашата емоционална интелигенција е ниска или не:

Дали премногу брзо осудувате?

Луѓето со ниско ниво на интелигенција често донесуваат заклучоци премногу брзо затоа што не знаат да ги читаат емоциите на другите луѓе, па дури и своите. Бидејќи луѓето што осудуваат се генерално негативни и импулсивни, тие можат да создадат негативен впечаток за некого пред да го проценат контекстот на ситуацијата и нивните емоции. За жал, она што останува како последица е искривено гледиште за нешто или некого.

Дали ви е тешко да прифатите критика?

Критиката може емоционално да “сруши“ лице на кое му недостасува ЕИ. Како и да е, на искрените, самоуверени лица со високо ниво на ЕИ им е полесно да прифаќаат критики затоа што можат да ги процесуираат своите емоции, да ги проценат нивните предности и слаби страни и да забележат што треба да подобрат.

Дали често чувствувате стрес или вознемиреност?

Сите искусуваме одредено ниво на стрес, тоа е неизбежно. Но, луѓето со високa ЕИ, за разлика од оние со нискa ЕИ, имаат способност да ја разгледаат ситуацијата од различни агли и да бараат решенија.

Дали ве мрзи да слушате други луѓе?

Поединците со ниско ниво на ЕИ не се емпатични, тие често ги игнорираат мислењата на другите и не прифаќаат туѓи совети. Една неодамнешна студија објавена во Harvard Business Review, потврдува докази дека луѓето што знаат да слушаат се перцепирани како лидери, уживаат доверба и ја зголемуваат креативноста на нивниот тим.

Дали ви е тешко да се опоравите од грешките?

Поединците кои не се емоционално интелигентни тешко поднесуваат порази и им треба долго време да се опорават. Потребно е тие да научат да се справат со своите грешки, да го остават минатото зад себе и да се свртат кон иднината.

Изградбата на емоционална интелигенција може многу да влијае на вашите лични и работни односи, затоа поставете ги овие клучни прашања за да одредите каде сте на скалилoто за ЕИ.

Фото: Pexels