Фото: Pixabay
Дали сакате повеќе луѓе да ја лајкуваат вашата Фејсбук фан страница, да споделуваат постови, статуси и слики и да коментираат на истите?
За да го постигнете тоа, Вие мора прво да дознаете зошто
- Фејсбук како најголема социјална мрежа во светот е во исто време и толку многу атрактивна за посетување;
- Како луѓето се однесуваат кога се на Фејсбук;
- Кои се причините за таквото однесување.
На прашањето Што е тоа што влијае на посетителите на Фејсбук да преземаат одредени акции како што се најчестите лајк, објави, сподели или коментирај, постојат неколку “затоа што” до кои дошле научниците додека ги истражувале однесувањата на луѓето на најголемата социјална мрежа.
- Една студија открива тесна врска помеѓу Фејсбук и центарот за наградување во мозокот познат како nucleus accumbens. Овој центар ги обработува и наградува и чувствата за задоволства кон храна, секс, пари и социјални прифаќања. Секој пат кога посетителот ќе добие позитивна повратна информација, тој дел од мозокот веднаш се активира како реакција на моменталното чувство кое се јавува.
- Друго психолошко објаснување е дека кај личноста доаѓа до ширење на зеницата за време на разгледување на неговиот Фејсбук профил како резултат на задоволство и среќа кога нешто гледа, коментира или нешто убаво му се случува.
Зошто некоја слика, статус или страница на некого ќе му се допадне, а на некого не и дали ќе добие лајк?
Лајкувањето на Фејсбук можеме да го објасниме како резултат на идентификација, емпатија и практичност на личноста со прочитаната и видената содржина на Фејсбук.
4 причини зошто луѓето кликнуваат лајк
- Тоа е брз начин да потврдат дека нешто им се допаѓа;
- Да кажат нешто за себе. Преку лајковите можете да ги дознавате нивните интереси и да ги искористите во таргетирање на целната публика за некоја ваша рекламна кампања;
- Тоа е начин за изразување на виртуелна емпатија, солидарност или единство дека го поддржуваат пријателот или познаникот и неговиот начин на размислување покажан преку слика, статус, видео клип.
- Практичен начин да добијат нешто за возврат кога станува збор за лајкови на содржини поврзани со некој бренд (да учествуваат во наградна игра, да добијат купон, да искористат попуст и сл.).
Како мозокот реагира на коментарите?
Личноста на која ѝ е напишан некој коментар од страна на пријател или познаник го прифаќа како добредојден и тогаш таа се чувствува помалку осамена. Коментарите се силен водич за започнување на понатамошен разговор.
Зошто објавуваат и ажурираат статуси?
Некои личности многу често ги ажурираат своите статуси, а некои поретко. Причина за тоа се:
- кога постираат се чувствуваат социјално поврзани
- помал е степенот на осаменост кај тие кои тоа го прават секојдневно
Дознајте ги 5-те двигатели зошто луѓето ги споделуваат содржините на Фејсбук
- За да ги известат другите ако содржината е вредна и забавна
- За да можат другите да видат кои се тие, што сакаат, како се чувствуваат
- За развој и одржување на човечките односи, зашто со делењето информации остануваат во контакт доколку не можат на друг начин
- Лично самоисполнување – така се чувствуваат многу повклучени во светот и секојдневните случувања
- Се согласуваат со темата или проблемите поврзани со она што го споделуваат и така покажуваат дека се грижат за истото
Што најчесто се споделува на Фејсбук?
- Интересни работи
- Смешни работи
- Практични совети и работи: Како да направите нешто
- Работи што ги дефинираат нив самите како личност
- Производи и услуги кои сакаат да им ги препорачаат и на други
- Верувања, правила и цели во кои веруваат
Сега кога ја знаете психологијата на однесувања на посетителите на Фејсбук, седнете и направете план и стратегија која ќе има вредност за вашата публиката и очекувајте зголемена посетеност на фан страницата и поголема ажурираност во сè она што го подготвувате за нив, како и градење на доверба која по извесен временски период ќе биде заокружена со купување и употреба на производот или услугата што им ја нудите.
Секогаш публиката нека ви биде на прво место. Тргнете од нивните потреби, интереси, како и она што е актуелно и немојте да ги игнорирате нивните емоции.