Oткријте што сака да ви каже вашето бебе

136

Бебето со плачењето сака да ви каже нешто – тоа е единствениот начин на кој може да комуницира со вас. Можеби е зачудувачки, но навистина постојат 5 звуци кај бебињата со кои тие комуницираат со вас. Треба само да научите да ги препознавате и вашиот живот ќе биде многу полесен. Во видеото подолу, погледнете ја Присила Данстан во шоуто на Опра Винфри и не се грижете, за кратко време и вие ќе ги научите знаците на вашето бебе.

1. ‘Нееех Нееех Нееех’ – Сакам да јадам

Звукот се произведува кога рефлексот за цицање се активира и јазикот се турка на покривот на устата. Веднаш дајте му да цица.

За уште повеќе да си олесните, набавете си пумпа за измолзување, тампони за гради, вештачки брадавици, влошки за смирување на болка меѓу доења, шишенца, цуцли, млечна формула и слично.

2. ‘Ех Ех Ех’ – Сакам да ждригнам

Бебето го користи звучниот рефлекс ‘Е’, слушајте го краткото ‘E’. Подигнете го и тапкајте го по грбчето. Внимавајте да не поврати дел од храната и да ве извалка. Секогаш имајте при рака лигавче и влажни марамици.

3. ‘Хххех Хххех Хххех’ – Не ми е удобно

Слушнете го долгото ‘Х’ и проверете ја пелената. Можеби пак е некоја нелагодна облека или појас од релаксатор или седиште кој многу го затега.

На вашето бебе му е потребна промена на пелените од 10 до 12 пати во текот на денот, што значи дека ќе ви биде потребна голема количина на пелени, особено во првите месеци, како и влажни марамици кои ќе ви се најдат во секој момент.

4. ‘Аааах Аааах Аааах’ – Ми се спие

Најчесто овој звук го прави со отворена уста како да се прозева. Ова е најлесно препознатлив звук, кој сигурно веќе и го препознавате.

Ммм најслатки се кога спијат, нели? Направете им го местото за спиење што поудобно, набавете квалитетен антиалергенски душек, бејби мемори перица или комплет перничка и јорганче. За дневните дремки подгответе им го нивното креветче за спиење и игра.

5. ‘Еаррр’ – Имам грчеви

Овој звук го прави кога има грчеви, подуеност или проблеми со стомачето. Звукот се произведува од заробениот воздух кој не е во состојба да се ослободи. Веднаш измасирајте му го стомачето и свиткајте му ги ножињата како да вози велосипед. Ако ова не помага, обидете се со капки против грчеви.

Откако 3 до 5 пати ќе ги препознаете овие звуци, тоа ќе ви стане навика и вие и вашето бебе ќе бидете многу поблиски и посреќни. Вашето бебе комуницира со вас, само треба да ги препознаете вистинските звуци.

Baby-bonding1

За да поминете што повеќе квалитетено време со вашето семејство, сѐ што ви е потребно за вашето бебе можете да купувате преку интернет, со бесплатна достава до вашиот дом, промотивно во тек на месец декември на MarketKonekt.com. Погледнете ја целата понуда тука.