Откупени 17.600 тони тутун што е 90% од ланската реколта

24

Вкупно 17.600 тони тутун или речиси 90% од очекуваната реколта се преземени заклучно со 24 јануари, на половина од крајниот рок за откуп, јавува Миа.

Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), просечната откупна цена е 193,84 денари по килограм. Исплатата е реализирана 90%, односно досега се исплатени 3,56 милијарди денари.

“Субвенциите за тутунот изнесуваат 60 денари за килограм, што значи дека во моментов производителите просечно добиваат по 253 денари за килограм тутун“, соопшти МЗШВ.

Во реколта 2016 се очекува да бидат откупени околу 20.000 тони тутун, а краен рок за откуп е 15 март 2017 година.