Откупени над 21.000 тони тутун со просечна цена од 196 денари за килограм

24

Завршува откупот на тутунот во државава. Досега се преземени преку 21.000 тони со просечна цена од 196 денари за килограм, а преостануваат уште околу 1.000 тони, јавува Миа.

Од понеделник ќе се затвораат пунктовите, но ќе останат ваги во функција кај секој откупувач. Откупувачите законски се обврзани до официјалниот крај на откупната кампања – 15 март да имаатотворено ваги за откуп на тутунот.