Откупната цена на пченицата 14 денари

19

pcenica_201372203751Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство препорача просечна откупна цена од 14 денари за килограм пченица од годинашната реколта, врз основа на нејзиниот квалитет.

Оваа препорака доаѓа по одржаниот состанок со претставници на мелничко пекарската индустрија и со производителите на пченица, на кој акцентот беше ставен на условите на откупот на пченицата и дефинирање на ориентациона откупна цена.

Со оваа препорачана цена се согласија и претставниците од производителите на пченица и претставниците од мелничко пекарската индустрија, стои во соопштението на министерството.