Oткупот и продажбата на земјоделските производи во првото тримесечје од 2025 година изнесуваат 5.7 милијарди денари

Oткупот и продажбата на земјоделските производи во првото тримесечје од 2025 година изнесуваат 5.7 милијарди денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2025 година, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 50.6 %, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано зголемување за 6.4 %.

Откупот и продажбата во првото тримесечје од 2025 година во однос на истиот период од претходната година се намалени за 42 %.