Otomos, футрола што спречува децата да станат зависни од паметни телефони

46

otomos

Фото: YouTube

Јапонската компанија Momo Ltd направи футрола за iPhone којашто на родителите ќе им помогне во спречувањето децата да им станат зависни од мобилни телефони.

Otomos е прицврстена за телефонот со специјална завртка, а се управува со апликација што на родителите им нуди можност на своите деца временски да им го ограничат користењето на телефонот. Ако детето го надмине дозволеното време за користење, телефонот автоматски ќе влезе во режим на мирување.

Исто така, детекторите за движење вградени во футролата може да го исклучат телефонот додека детето е во движење. Уште една функција што ја има оваа паметна футрола е автоматско испраќање на пораки на родителите ако детектира дека дошло до одреден физички шок (како сообраќајна несреќа), пишува Mashable.

“Ја направивме оваа футрола откако ги слушнавме грижите на родителите чии деца користат паметни телефони. Сè што треба да направите е да ја закачите футролата на телефонот“, вели Масато Отсу, претседател на компанијата Momo Ltd.