Отпуштен извршниот директор на OpenAI: „Тој не беше искрен“

74

Одборот на американскиот OpenAI, кој го создаде системот за вештачка интелигенција ChatGPT, соопшти дека го отпуштил ко-основачот и извршен директор на компанијата Сем Алтман, откако соопшти дека открил дека не бил искрен во комуникацијата со одборот.

Одборот повеќе нема доверба во способноста на Алтман да продолжи да го води OpenAI бидејќи тој наводно се мешал во способноста на одборот да ги извршува своите должности, се вели во соопштението на компанијата.

Главниот директор за технологија на OpenAI, Мира Мурати, веднаш ќе ја преземе функцијата привремен извршен директор, соопшти компанијата, пренесе АП.

Како што беше наведено, претседателот на одборот и претседател на OpenAI Грег Брокман ќе се повлече од функцијата претседател на одборот, но ќе продолжи да има улога во компанијата. Во соопштението не е дадено објаснување за таа промена.

Фото: Facebook