Отпуштија илјадници работници, а директорите земаа вкупно 28 милиони евра бонуси

25

Отпуштањето на илјадници луѓе за време на пандемијата, заемот од четири милијарди евра и државната помош од 100 милиони евра не го спречи холандскиот онлајн веб-сајт за сместување и резервација Booking да ги смени правилата за хонорарите на компанијата за да им исплати на тројцата директори 28 милиони евра бонус.

Според компанијата, тие го сториле тоа за директорите да не ја напуштаат компанијата, што го покренува прашањето дали директорите или вработените се поважни за опстанок?

Под нормални околности, најголемиот дел од заработката на високите раководители се долгорочни бонуси на акции, кои се поврзани со финансиските перформанси. Бидејќи профитот и продажбата паднаа нагло за време на пандемијата, раководителите практично не би добиле паричен надоместок, што би можело да ги натера да ја напуштат компанијата. Затоа, одборот, по консултација со најголемите акционери, одлучил да ги прилагоди критериумите за бонус.

Така, извршниот директор доби околу 5,8 милиони евра акции и готовина. Потпретседателот доби 2,8 милиони евра, додека финансискиот директор доби 20 милиони евра бонус, главно во акции, покажаа документите добиени од холандскиот весник NRC.

Фото: Pixabay