Отсега преку MarketKonekt.com домашните компании тргуваат и во Србија

29

pr

MarketKonekt на домашните компании им обезбедува нови можности за онлајн трговија. По успешниот почеток на домашниот пазар следеше воведувње на сајтот во Бугарија, а отсега тој е функционален и во Србија. Во следните неколку месеци веб сајтот ќе го обедини и пазарот во Албанија, а во блиска иднина се очекува да се приклучат и останати балкански земји.

Со ваквото проширување MarketKonekt станува единствен домашен веб сајт кој на македонските бизниси им овозожува локална и регионална трговија.

Преку MarketKonekt компаниите истовремено ги претставуваат своите производи и услуги на домашниот и на пазарите во Бугарија и Србија. Со брза и едноставна постапка на објавување, нивните производи веднаш стануваат достапни до бројни потенцијални купувачи од трите земји – фирми или крајни потрошувачи.

Со MarketKonekt купувачите детално се информираат за потребните производи. Лесно ги пребаруваат понудите на трите пазари, ги споредуваат карактеристиките и цените, и избират производ што најмногу им одговара.

Експанзијата на веб сајтот е планирана уште од самиот почеток.

“MarketKonekt го развиваме на начин кој на сите домашни фирми без разлика на нивната големина и познавања од областа на информатиката, им овозможува едноставно онлајн тргување во Македонија и во регионот. Една од нашите главни цели е да им помогнеме на македонските фирми да обезбедат повеќе домашни и купувачи од соседството. Се надеваме дека сајтот поблиску ќе ги поврзе бизнисите од балканските земји”, вели Владимир Вецовски, директор на R3 Infomedia.

Слични се очекувањата и на Стефан Бабиќ, директор на MarketKonekt Србија.

“На српскиот пазар постојат повеќе сервиси за онлајн трговија кон крајните потрошувачи, но MarketKonekt е единствен сајт со кој бизнисите можат и регионално да тргуваат едни со други. Очекувам дека српските фирми ќе имаат значаен интерес за трговија и со македонските компании”, вели Бабиќ.

MarketKonekt е дел од понудата на R3 Informedia, компанија чии производи се лидери на домашниот пазар: Златна книга (бизнис информатор во печатено и онлајн издание, и мобилни апликации) и Информации 1188 (целосен телефонски именик на Р. Македонија).

Кликнете ОВДЕ за да го погледнете видеото Што е MarketKonekt?

mkon