Отвораат нови фирми и во услови на криза – како им успеа на Французите?

32

Бројот на новоосновани компании во Франција, во текот на јуни и јули, бележи огромен раст, а како причина за тоа се наведуваат доставувачите на храна.

Бројот на возачи кои доставуваат храна за сервиси, како што се Deliveroo, Just Eat и UberEats во Париз и во другите француски градови, е зголемен и покрај карантинот и рестриктивните мерки. Голем дел од нив се регистрирани како компании, по што има зголемување од 29% на лицата кои вршат достава на храна и пратки на домашна адреса.

Доставата забележа тренд на голем пораст во услови на пандемија, што ретко може да се забележи во некоја друга дејност во Франција. Меѓу секторите што беа најсилно погодени од кризата предизвикана од пандемијата се: угостителство, пазарот на недвижнини, градежништво и слично.

Се забележува пад на бројот на барања за поведување стечајна постапка за 42,5% и покрај економската криза, а како причина за тоа се наведуваат владините мерки за поддршка на стопанството.

Фото: Freepik