Со финансиска поддршка од милион евра, преку низа програми за кои ќе можат да аплицираат невработени лица, Владата на Република Македонија ќе поддржи отворање на 2.000 работни места, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
На последната одржана седница на Владата беа усвоени следниве пет мерки: обука кај познат работодавач, обука кај познат работодавач со субвенционирање, обука за професии што се дефицитарни, поддршка на практиканство, како прво работно искуство до вработување, како и обука за напредни вештини од областа на информациските технологии.
Невработените лица ќе можат да ги видат огласите за новите мерки и да аплицираат од понеделник, на веб-страниците на Агенцијата за вработување и на Владата.