Отворање на новиот салон на Apple на Дуна

70

На 20 септември во 12 часот се отвора новиот продажен салон за Apple на Дуна. Новиот Duna iStore е сместен во Градскиот Трговски Центар на приземје како едно од најпопуларните места за купување во Скопје.

На денот на отворањето Дуна ќе понуди 10% попуст на сите производи кои можат да се купат во продажниот салон.  Воедно, Дуна обезбедува 50% попуст на првите 10 продадени iPad 16GB Wi-Fi white.

На површина од 85m2 посетителите ќе имаат исклучителна можност да ги погледнат и тестираат големиот избор на Apple производи вклучувајќи ги сите модели на Mac, iPad, iPod и iPhone. Во богатата понуда на Duna iStore ќе има голем број на додатоци кои совршено прилегаат на производите од Apple како светски познатите брендови Belkin, Sennheiser, AKG, JBL, Harman Kardon и многу други.  Обучениот персонал во Duna iStore ќе им ги понуди на посетителите извонредно искуство, бесплатни совети за користење, демонстарција на производите и техничка поддршка. Експертите за Apple ќе го пренесат своето богато знаење за да им се овозможи на купувачите да го одберат производот што совршено ќе одговара за нив.

Продажниот салон Duna iStore ќе биде отворен секој работен ден од 10 до 20 часот и во сабота од 10 до 16 часот.

***

По речиси 6 години откако прв пат го претстави Apple во Македонија, Дуна повторно вложува во креирање на уникатно доживување при посета на продажен салон за Apple. Новиот салон е целосно изработен по дизајн на Apple и обезбедува потполно еднакво искуство како и секој Apple Premium Reseller низ светот.

Дуна е единствен овластен увозник, дистрибутер и сервисен центар за Apple за Македонија со статус Apple Premium Reseller. Од 2006 година Дуна го понуди на нашиот пазар светскиот бренд Apple, на задоволство на голем број вљубеници во врвниот квалитет, модерниот дизајн и ненадминливите перформанси.
Контакт:
Софија Спировска
тел. 070 375 488
sofija@duna.mk