Отворање тунел од дистанца- норвешки министер со креативно решение

51

Норвешкиот министер за сообраќај Кнут Арилд Хареиде отвори подводен тунел долг 14,3 километри со сечење лента во неговата канцеларија.

На фотографиите објавени на Facebook се гледа министерот Кнут Арилд Хареиде сам во канцеларија, покрај фотограф кој бил на пропишана оддалеченост, како одбележува свечено отворање за проектот Рјафаст. Проектот е конечно завршен, осум години по почетокот на работите, а чинеше 11,6 милијарди евра.

Првично било планирано посвечено одбележување, кое прво беше одложено, а потоа и откажано поради глобалната пандемија, и така останал само министерот за сообраќај кој ја пресекол лентата во својата канцеларија каде има и балони во боите на норвешкото знаме и видео линк со други функционери.

Фото: Facebook