„Отворен Балкан“ работи на забрзување на протокот на луѓе, стоки и услуги и на капитал

69
Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ денеска, на наплатната рампа Прешево го промовираа заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините.
Станува збор за брзо и ефикасно плаќање на патарините во Северна Македонија и Србија со помош на посебен ТАГ уред за бесконтактно електронско плаќање на патарина, кој успешно функционира и овозможува непреченo движење преку териториите меѓу двете земји.

Ковачевски од граничниот премин Табановце, во присуство на српската премиерка Ана Брнабиќ, истакна дека иницијативата „Отворен Балкан“ работи на забрзување на протокот на луѓе, стоки и услуги и на капитал.

„Благодарение на оваа иницијатава трговската размена меѓу двете држави е зголемена над 25% од нашата страна на 50% е зголемен извозот кон Србија. Исто така и од Србија е зголемен извозот кон Северна Македонија“, рече Ковачевски.

Тој потенцира дека бројот на туристи кои во текот на изминатите две години доаѓаа во нашата држава е за 500% поголем од пред воспоставувањето на иницијативата Отворен Балкан.

-Она што следува е воспоставување на софтверското решение за непречена размена на работници, да може секој да дојде да се регистрира преку единствен софтвер и во Србија и во Северна Македонија и во Албанија без административни процедури кои денес траат по три месеци. Ние ќе работиме уште повеќе на зголемувањето на размената.