Отворен ден во Фондот за иновации и технолошки развој

12

fond-za-inovacii-i-tehnoloski-razvoj

Следствено на отворениот четврти јавен повик за финансирање на предлог проекти под инструментите Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва стартап и спин-оф и Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации, Фондот за иновации и технолошки развој организира Отворен ден за сите оние кои сакаат да дознаат како да добијат финансирање до 100.000 евра за нивниот бизнис.

Настанот се одржува на 06.02.2017 (понеделник) во контакт центарот на Фондот за иновации и технолошки развој на Рекорд, од 09:00-16:00.

Сите заинтересирани треба да се пријават на: https://www.facebook.com/events/1261905183845289/.