Следејќи ја својата стратешка определба за општествена одговорност и транспарентност, Цементарница Усје и оваа година организраше Отворен ден, под мотото Oдржливост, партнерство, развој.
Годинешниот отворен ден се реализираше во соработка со граѓанските организации ЕКО Свест и Нов Импулс, со учество на ученици од основните училишта Кузман Јосифовски-Питу, Ѓорѓија Пулевски, Круме Кепески и Гоце Делчев од општините Кисела Вода и Аеродром, како и децата од општинските градинки. Во фокусот на настанот беа образованието, едукацијата и соработката со најмладите членови на заедницата, кои покрај запознавањето со производствениот процес на Цементарница Усје, учествуваа на едукативните интерактивни работилници – Играв јас, сега играј и ти, Секој има право да се храни здраво, Безбедност во сообраќајот и Младите и животната средина.
“Правилната информираност, желбата за зачувување на животната средина и создавањето култура на активно учествозаради зголемување на благосостојбата на заедницата се едни од најважните теми во општеството. Тие имаат големо значење за достигнување на целите на одржливиот развој од што зависи идината и затоа е многу значајно за овие прашања да се зборува уште од најрана возраст. Преку овие активности, Цементарница Усје ги продолжува своите заложби да биде активен член на општеството, развивајќи блиски односи со заедницата“, изјави главниот извршен директор на Цементарница Усје, Борис Хрисафов.
Цементарница Усје преку реализацијата на долгорочниот проект Партнерство со училиштата, што се спроведува во соработка со општините и наставниците, континуирано работи на подобрување на условите во кои учат и се развиваат новите генерации. Целта на овој проект, што Цементарница Усје го започна пред девет години, е подобрување на условите во училиштата, заради заштита на безбедноста и здравјето на учениците и заштеда на енергија. Со досегашните активности беа опфатени осум основни училишта, едно училиште за деца со посебни потреби и две градинки лоцирани во четири различни објекти на територијата на општината Кисела Вода, во кои претстојуваат вкупно 6.650 деца и 671 вработени.
Магдалена Славејкова, менаџер за човечки ресурси, додаде дека резултатите постигнати досега со овој проект се дополнителен мотив за компанијата да продолжи со овој преокт и во иднина, истовремено поттикнувајќи ги другите компании да се приклучаткон овие заложби во насока на унапредувањето на квалитетот на живот во нашето општество.
Присутните на годинешниот Отворенден на Цементарница Усје имаа прилика да им помогнат на учениците од ранливи категорииод ОУ Илинден и ОУ Златен Сремац,преку донирање школски прибор, за што беше поставен и специјален хуманитарен штанд на кој волонтираа ученици од средните скопски училишта.
Инаку, покрај традиционалниот Отворен ден, Цементарница Усје организира и редовни посети на компанијата. Имено, секој кој сака подетално да се запознае со производствениот процес и работата на Цементарница Усје, може да ја посети фабриката, секој последен четврток од месецот, сопретходно пријавување прекуинтернет страницата на компанијата – http://www.usje.com.mk/vest119mk.html#.