Отворен ден за граѓаните на Централниот регистар во Куманово

29

Во регионалната регистрациона канцеларија-Куманово на Централниот регистар на Република Македонија се одржа Отворениот ден за граѓаните со централниот регистар. Отоворениот ден имаше за цел на кумановчани да им ја доближи работата на оваа институција.
Советникот на Централниот регистар на Македонија, Жаклина Танушевска, рече дека отворениот ден го искористиле да го промовираат системот на е-потврди.
“Овој систем овозможува олеснет пристап до документите кои ги издава Централниот регистар и е особено погоден за потврдите потребни за учество во постапки за јавни набавки. Целата постапка за нарачки и постапки на овој систем може да се изврши од било кој компјутер со пристап на интернет”, појасни Танушевска.
Во центарот за култура Трајко Прокопиев беше презентирана и постапката за поднесување на електронски годишни сметки за 2013 година.