Отворен нов Рамстор маркет во Аеродром

292

IMG_3814

Рамстор Македонија на 13-ти ноември го отвори 20-от по ред маркет од ланецот Рамстор маркети, на улица Милан Зечар бр.6 во населба Аеродром, Скопје.

Новиот објект се простира на продажна површина од 478 метри квадратни, со свој паркинг простор наменет за потрошувачите. Маркетот располага со 3 наплатни каси, а за услугата ќе се погрижат 18 вработени.

Асортиманот го сочинуваат 12.000 производи од голем број трговски групи што се неопходни за потрошувачите. Покрај свежото овошје и зеленчук, маркетот нуди пекара, месара и оддел за готови јадења. Потрошувачите ќе може да ги користат многубројните акции и промоции на производи како и во останатите Рамстор маркети.

“Нашите инвестиции продолжуваат со истото темпо и следната година”, велат од компанијата.