Отворен нов Рептил маркет во Радишани

326

MAE_1550

Во скопската населба Радишани, на улицата Радишанска бр. 4, во саботата беше отворен осмиот маркет Рептил.

Новиот маркет е со продажна површина од 450 метри квадратни и магацински простор од 200 метри квардатни. Потрошувачите на располагање имаат три наплатни каси, а за услугата се грижи тим од 25 вработени. Објектот располага со паркинг – простор за 20 автомобили.

reptil

“Со новиот маркет сакаме да го олесниме пазарењето и на потрошувачите да им овозможиме сè што им е потребно да најдат на едно место, место што им е најблиску до домот, место каде што ќе бидат љубезно пречекани и услужени со најдобрата услуга во градот. Нашата мисија е градење и одржување на довербата кај нашите купувачи, прифатливи цени и беспрекорната услуга која се одликува со присутност, љубезност и брзина од страна на нашиот персонал”, вели Даница Личанин Блажеска, генерален директор на Рептил маркети.

Во маркетот има месара со свежо месо од Македонија, рибарница со свежа речна и морска риба, оддел за готови јадења, оддел за слатки каде што се нудат и торти без глутен, колачи без шеќер, како и колачи од висококвалитетно белгиско чоколадо.