Отворен нов салон за кожен мебел Elitte SOFA

244

Нов продажен салон на единствената фабрика во Македонија за производство на мебел од 100% природна телешка кожа и штоф, Elitte SOFA, беше отворен во петокот во Визбегово.

“Идејата за отворање на Elitte SOFA потекнува од визијата за висок стил на живеење, но по прифатливи цени. Сакаме нашите потрошувачи да го добијат најдоброто. Квалитетот и удобноста се во фокусот при создавањето на секое парче мебел за кое ја изведуваме најцврстата конструкција и ја користиме најквалитетната италијанска кожа која е 100% природна. Висококвалитетните гарнитури и фотелји се направени од врвни италијански мајстори, кои имаат над дваесет години искуство во оваа работа. Тие го креираат и контролираат процесот на производство на мебелот“, изјави сопственикот на Elitte SOFA, Аднан Хоџа.

На гостите им се обрати и главниот мајстор, Микеле Аѕилона, кој има 20 годишно работно искуство во Италија.

“Креираме, дизајнираме, работиме и избравме најдобар тим. И не само естетски, туку секогаш внимаваме и на удобноста, на тој начин што производите им се доближуваат на потрошувачите, за да станат неразделен елемент од нивниот простор“, изјави Аѕилона.

Фабриката за производство на кожен мебел Elitte SOFA е позитивен пример за домашна инвестиција на пазарот која на потрошувачите им нуди квалитетни производи.