Отворен повик за новата акцелераторска програма на ЦЕЕД Хаб Скопје

20

hub

Отворен е повикот за пријавување за акцелераторската програма која што ќе започне во септември 2017 година. За развојот на стартапите, ЦЕЕД Хаб Скопје, преку Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, има обезбедено фонд од 30.000 долари. Покрај овој фонд, учесниците ќе имаат можност за добивање финансиски инвестиции и од други извори – Бизнис ангели и инвестициски фондови.

Бројот на учесници е ограничен. Првиот циклус за пријавување е отворен до 30 јуни 2017 година. Селекцијата ќе се одвива според принципот “прв пријавен – прв услужен”. Акцелераторската програма, која трае 15 недели, на стартапите ќе им обезбеди работен простор, ментори, советници, многу настани, едукација, вмрежување, поддршка во развојот на производите или услугите. На крајот, стартапите ќе имаат Demo Day, односно можност своите идеи да ги претстават пред инвеститори, бизнис ангели, инвестициски фондови.

За програмата може да аплицираат стартапи и компании не постари од пет години.
Програмата обезбедува специјални поволности за социјалните претпријатија што ќе се пријават за учество.

Апликацијата ќе ја најдете на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSctEjy0KjTPQ6H0FhXAZuwTJQrDZ7d3CPFtHtPbPQltPs3jIQ/viewform?c=0&w=1

ЦЕЕД Хаб Скопје е акцелератор и коворкинг простор, место коешто обезбедува пристап до иновативна и инспиративна работна околина за претприемачи и компании во рана фаза, фриленсери и поединци кои сакаат да започнат свој сопствен бизнис.

ЦЕЕД Хаб Скопје нуди работна околина – биро, пристап до интернет и сала за состаноци, пристап до информации, пристап до знаење, пристап до потенцијални партнери, клиенти и пазари – преку Б2Б и нетворкинг настани, пристап до финансии – презентација пред Клубот на бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија и поддршка од професионалци за иновации и креативно размислување – совети од консултанти за иновации и бизнис менаџмент.

*Само избраните кандидати/стартапи ќе бидат контактирани со повеќе детали за програмата.